PE коругираните цевки се изработени со ребраста надворешна и мазна внатрешна површина. Овој вид на цевки имаат висока отпорност спема оштетувања настанати од топло и ладно време, а исто така имаат и одлична отпорност на хемиски соединенија и абразија.
Цевки се сврзуваат со муф и гумица во една целина со цевката или со муф и гумица посебно од цевката – во зависност од производителот. Ребрастиот (надворешен) дел на цевката служи за вметнување на гумицата за да се овозможи подобро заптивање со муфот. Цевките се изработени во согласност со стандардот EN13476-3, и се достапни во две класи и тоа: SN4 и SN 8, во должина од 6m.